top of page
ИНФО - КОРОНА (COVID-19)

ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ ЗА МОМЕНТАЛНОТО ОТЕЖНАТО РАБОТЕЊЕ НА 

ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДЕМА ТРАВЕЛ И ПРОБЛЕМИТЕ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД 

ПАНДЕМИЈАТА НА ВИРУСОТ КОРОНА (COVID-19)

Пoчитувани наши клиенти, патници и колеги,

 

поради пролонгирањето на завршетокот на “Вонредната состојба” предизвикана од пандемијата на вирусот Корона (Covid-19), како и евидентното застанување на повеќето економски и општествени процеси кои го чинат нашето заедничко секојдневие, Ви се обраќаме со намера да ви ги проследиме сите моментално потребни информации кои се поврзани за нашата меѓусебна, досегашна и идна успешна соработка.

Во согласност со препораките од надлежните државни институции, а со цел за намалување на ризикот од понатамошното ширење на вирусот Корона (COVID-19), Туристичката агенција ДЕМА ТРАВЕЛ, привремено го прекинува своето директно работење со странки преку своите продажни места. Прекинот на работењето, ќе биде во периодот од 20.март до 15мај 2020 година. 

За сите неопходни и итни информации или консултации во наведениот период, ќе Ве молиме да не контактирате исклучиво преку нашите e-mail адреси: 

ticket@dematravel.mk ; dejan@dematravel.mk ; info@dematravel.mk

 

или преку агенциските дежурни телефони :

-       авио билети и аранжмани: 070/258-418 и 078/258-418

Телефонските броеви ќе бидат достапни,  во следното работно време:

-       секој работен ден од 09:00 до 20:00 часот и

-       во сабота  од 10:00 до 15:00 часот

 

Согласно законските одредби и работното време, телефоните нема да бидат достапни во неделите и во празничните денови !

 

Во контекст на моменталното негативно влијание на пандемијата, врз севкупното туристичко работење на нашата агенција и на сите нејзини партнери низ светот, сакаме да ги споделиме со Вас најбитните информации и совети, за кои се надеваме дека ќе ни помогнат во заедничкото надминување на проблемот и последиците предизвикани од него.

 

·         За актуелната Законска уредба на Владата и вредносните ваучери?

На 27.седница одржана на 24.март 2020 година, од страна на Владата е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредна состојба. Согласно со оваа владнина Уредба со законска сила (Објавена во Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година), туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Корона вирусот.

Со оваа мерка според член 2. од Уредбата, туристичките агенции кои ќе мораат да ги откажат своите аранжмани за време на вонредната состојба, ќе бидат должни да им издадат нов (вредносен) ваучер на клиентите, со износ на претходно уплатената сума кој што тие понатаму ќе можат да го искористат за друго патување заклучно со 31.12.2021 година.

Со оваа мерка се очекува како агенциите, така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот не можеле да ги реализираат своите арнжмани, уплатените средства за нив да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во периодот по завршетокот на вонредната состојба. Оваа Уредба, воедно им овозможува на туристичките агенции и на нивните партнери, полесно да се реорганизираат и да го издржат финансискиот товар од загубите, кој согласно мерките би се распределил на подолг временски период. Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност на двете страни, односно туристичките агенции и патниците.

 

·         Кога и како ќе се издаваат вредносните ваучери?

Според Уредбата за примена на оваа мерка, вредносните ваучери кои ќе се издават како гаранција за користење на уплатениот износ од аранжманите (претходно проследен и авансиран кај крајните даватели на услугите: хотелите, туроператорите, авио компаниите, превозниците...), ќе се однесуваат само за оние аранжмани кои ќе се откажуваат од агенциите или од давателите на услугите, а кои требало да се реализираат во актуелниот “вонреден период” настанат под влијание на пандемијата. Всушност за сите оние аранжмани кои поради вирусот, воедно и не можеле да се користат од страна на патниците.

 

·         Кога и како можете да се откажете од вашето патување?

Од патувањето можете да се откажете или истото ќе биде откажано од наша  страна, само доколку во дадениот момент се такви и насоките од надлежните органи, или пак доколку крајните даватели на услугите: авиокомпаниите, хотелите, превозниците или туроператорите, донесат одлука за прекин на нивните планирани услуги. 

Доколку за земјата, регионот и периодот на резервираното патување,  нема конкретни рестрикции за патување издадени од надлежните органи, ниту пак има актуелни домашни или надворешни мерки кои би ја спречиле неговата реализација, ние препорачуваме патувањето да не го откажувате. Всушност во ваков случај, кога аранжманот не е под влијание на актуелната пандемија, или истиот треба да се реализира во период по нејзиното очекувано завршување, а патникот сепак се одлучил да поднесе барање за отказ на уплатениот аранжман, тој ќе биде разгледуван како “вообичаен отказ” предвиден со Законските одредби, Општите  услови на  патување или Посебните услови за резервација на аранжмани, поврзани за периодот на акциската предпродажба.

Секако агенцијата и понатаму ќе го има сето потребно разбирање за личните причини поради кои патникот го довеле до неговата одлука и ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да го најде за него најповолното решение. Важно е и да се напомене, дека за секој отказ или пак промена на патувањето, агенцијата и патникот требаат да се информираат благовремено. Самоиницијативното превземање на било какви активности, спротивни на важечките Законски одредби и пропишани услови на патување, може да доведат до причини и последици вон коректното и успешното надминување на било кој настанат проблем.

 

·         Дали треба да бидете загрижени за вашето патување или одмор?

Разбирајќи ја актуелната состојба со вирусот (Covid-19) која наметнува сеопшта несигурност и неизвесност поврзана за планираните патувања и одмори, со постојано следење на состојбите во земјата и пошироко, како и препораките кои секојдневно се менуваат, ние целосно ја разбираме и делиме вашата загриженост.

Како директно засегнати и погодени од оваа пандемија, ние секојденвно го следиме развојот на состојбите во светот и воедно ве уверуваме, дека и самите никогаш не би го довеле во ризик здравјето на нашите патници, вработените лица и колеги, преку реализација на било кој аранжман од нашата понуда.

Доколку за одредена држава, регион или дестинација, која е предмет на планирано патување или аранжман за одмор, постои рестрикција или забрана за патување  кон неа издадена од надлежните органи, или пак постојат било какви официјални препораки за да не се патува кон неа, аранжманот ќе биде последователно откажан и уплатените  средства за него пренасочени  или  искористени за друг термин или дестинација,  во согласност  со Законските уредби и направената консултација со патникот.

 

       Дали можете самоиницијативно да ја откажете или промените, вашата резервација за патување или летен одмор?

Ние секако се надеваме, дека вашиот одмор Вие нема да го откажете или промените предвреме. Особено не би сакале тоа да го направите, како резултат на избрзана и панична реакција иницирана од моменталната состојба со вирусот. Наш предлог е секако, заеднички да изнајдеме трпение и потребен оптимизам до очекуваното скорешно завршување на оваа состојба. При тоа, се подразбира дека овој наш став воопшто не ја негира било чија одлука или право на патникот, за негов евентуален отказ  на уплатениот аранжман за одмор. За отказ е доволно патникот само да  достави  писмена  изјава-барање, со која  се откажува  од претходно договорениот  аранжман. Групните откажувања, или пак откази пеку телефон или e-mail без пропратна писмена изјава-барање доставена до продажните места, не ќе можат да бидат обработени.

Тоа што би требало да се знае и да се има предвид при донесувањето на евентуалната одлука за отказ поради Корона вирусот, е дека сите препораки и рестрикции за патување издадени од надлежните органи, сепак имаат локациска и временска рамка, како и соодветна важност. Всушност истите не можат произволно да се толкуваат и однесуваат за дестинации, термини и периоди кои не се опфатени со законски објавената "Вонредна состојба". Актуелните летни аранжмани на ДЕМА ТРАВЕЛ, и понатаму остануваат непроменети. Планираните програми и термини за реализација, до овој момент за било која летна дестинација или туристички аранжман, се непроменети. Нивното откажување или промена поради влијание на пандемијата од вирусот Корона, е сѐ уште непотребно и непредизвикано.

Ние активно ќе продолжиме  да го следиме развојот на настаните, како и препораките кои би можеле да влијаат на нашата летна програма. Доколку дојде до било каква промена предизвикана од истите, поради што како агенција не ќе бидеме во можност да го реализираме вашиот планиран аранжман за одмор, Ве уверуваме дека благовремено ќе ве контактираме и информираме за тоа, како и за евентуалните можности за адекватна промена на аранжманот. Секако во таков случај, се подразбира и споменатата Уредба за издавање на ваучер за понатамошно користење на средствата од претходно уплатениот, а откажан аранжман.

                                                                                   

Посакувајќи Ви добро здравје и скорешно безгрижно патување,

Ваша ДЕМА ТРАВЕЛ

f19e74a3-2c73-4f0d-a24c-d2417789cd4c_Lin
bottom of page